Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Сите патишта од упадот во М-НАВ водат кон ДУИ

19.01.2024 11:55

По две недели уште нема разрешница за упадот во М-НАВ, власта ги спасува бандитите на ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од директори од ДУИ, до напаѓачи од ДУИ до обезбедување блиско до ДУИ, сите патишта од упадот во М-НАВ водат кон ДУИ...

По две недели уште нема разрешница за упадот во М-НАВ, власта ги спасува бандитите на ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од директори од ДУИ, до напаѓачи од ДУИ до обезбедување блиско до ДУИ, сите патишта од упадот во М-НАВ водат кон ДУИ.

Според партијата агенцијата за обезбедување блиска до ДУИ не го заштитила објектот и дозволила влез на бандитите кои тепале вработени.

М-НАВ наместо да го раскине договорот со агенцијата за обезбедување, тие и понатаму продолжуваат да ги користат нивните услуги, иако истата не била на висина на задачата, се наведува во соопштението на партијата.