Богојавление - Водици

Православните христијани го празнуваат Водици, положен Светиот крст во водите

19.01.2024 15:08

Православните верници чествуваат Богојавление Водици. Седумнаесет годишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во водите на Вардар во Скопје...

Вардар благословен како некогаш Јордан. Околу 150 верници влегоа во осветените, студени води на реката, водени од мислата дека на овој ден се соединуваат со бога, со верба оти крстот ќе им донесе здравје и среќа. Најсреќен меѓу нив беше 17-годишниот Ѓорѓи Николовски.

Точно напладне поглаварот на Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија господин господин Стефан од мостот „Слобода“ го положи крстот во водите на реката Вардар.

Со поздравот бог се јави, навистина се јави православните верници го празнуваат Водици. Се верува дека тој кој прв ќе стигне до Светиот крстот во текот на целата година ќе го следи добро здравје и бериќет. Верниците велат – овие празници се моменти кога треба да бидеме сплотени.

И премиерот Ковачевски со честитка до верниците, му честиташе и на Николовски, кој го фати крстот, со верба дека ќе му донесе среќа.

Одбележувањето на празникот почна со божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“.

 

 

Ана Јосифоска-Тодоровска