САД
Авион на „Американ Ерлајнс“ се излизга од пистата на аеродромот во Рочестер
19.01.2024 16:56
Авион на „Американ Ерлајнс“ се излизга од пистата на аеродромот во Рочестер, во американската држава Њујорк...

Авион на „Американ Ерлајнс“ се излизга од пистата на аеродромот во Рочестер, во американската држава Њујорк.
Патниците и екипажот биле безбедно евакуирани, нема информации за повредени во несреќата.
Соединетите Американски Држави се и натаму на удар на снежната и ледена бура што предизвика хаос од Орегон до Тенеси, при што загинаа најмалку 45 лица досега.
