Германија

Фармацевтски компании осомничени за незаконска препродажба на лекови

19.01.2024 16:58

Во Германија, неколку фармацевтски компании се осомничени за незаконска препродажба на скапи лекови против Ковид-19...

Во Германија, неколку фармацевтски компании се осомничени за незаконска препродажба на скапи лекови против Ковид-19.

Според државниот обвинител, почната е истрага за можниот криминал на осум фирми во Баварија откако е утврдено дека Министерството за здравство бесплатно го доставувало лекот „Паксловид“ што бил наплатуван од формациите.

Доставени се 25 кривични пријави до Обвинителството.