Свет

Ердоган го обвини Нетанјаху за геноцид во Газа

19.01.2024 18:20

Нема да се востанови палестинска држава по целосната победа на Израел над Хамас. Ова е ставот на израелскиот премиер Нетанјаху целосно спротивен на тврдењето на Вашингтон по офанзивата на Тел Авив во Појасот...

Нема да се востанови палестинска држава по целосната победа на Израел над Хамас. Ова е ставот на израелскиот премиер Нетанјаху целосно спротивен на тврдењето на Вашингтон по офанзивата на Тел Авив во Појасот. Турскиот претседател Ердоган го обвини Нетанјаху за геноцид во Газа.

„Дадена е неограничена и безусловна помош на израелската влада со испраќањето на носачи на авиони во нашиот регион. Оние што ги затвораат очите пред масакрите и насилствата извршени од Израел нема да се во можност утре едноставно да се извинат“, изјави Реџеп Таип Ердоган-претседател на Турција.