АМСМ

Забрана за автобуси и тешки товарни возила на неколку патни правци

20.01.2024 09:24

На патниот правец Тетово-Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај на автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози...

Од АМСМ информираат дека поради интензивни снежни врнежи патниот правец Гостивар кон Стража и Маврово кон Дебар е затворен за тешки товарни возила. На патниот правец Тетово-Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај на автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржување за влез и излез од државата, велат од АМСМ. Апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат патната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.