Наредната недела смена на раководството во М-НАВ
Надзорниот одбор на М-НАВ го прифатил предлогот на Владата за именување на Хекуран Асани и Милан Кораќ за директори во компанијата на местото на досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски...

Следната недела се очекува финализирање на сите процедури за промена на раководството во М-НАВ. Надзорниот одбор на М-НАВ го прифатил предлогот на Владата за именување на Хекуран Асани и Милан Кораќ за директори во компанијата на местото на досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски.
Информацијата за МИА ја потврдија од Македонска навигација. Во понеделник се очекува Надзорниот одбор да одржи уште еден состанок на кој треба да се потпишат записниците од седницата, по што одлуката заедно со документацијата ќе бидат испратени до Централниот регистар кој треба да ги впише Асани и Кораќ како нови директори. Заокружувањето на сите процедури се очекува да се финализира го наредната недела.
Разрешувањето на досегашните директори следуваше по упадот во М-НАВ на 4-ти јануари. Обвинителството соопшти дека се приведени и останатите лица, односно вкупно осуммина осомничени за упадот во М-НАВ. За упадот во Македонска навигација, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.
