Израел

Бајден притиска, Нетанјаху се противи на создавањето палестинска држава

20.01.2024 10:16

Бајден телефонски разговарал со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху. Во телефонскиот разговор, тема и ослободувањето на заложници и хуманитарната криза во Газа. Ова е првиот разговор меѓу двајцата челници, чии односи се прилично затегнати од 23-ти декември...

Американскиот претседател Џо Бајден „и натаму верува во перспективите и можностите“ за палестинска држава, но признава дека ќе биде потребно многу работа за тоа да се постигне, изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.

Американскиот претседател телефонски разговарал со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху. Ова е првиот разговор меѓу двајцата челници, чии односи се прилично затегнати од 23-ти декември, забележуваа американските медиуми според кои последниот разговор меѓу двајцата лидери бил воден на 23-ти декември и дека бил „бурен“.

Американскиот претседател, меѓу другото, зборувал и за „напорите за ослободување на заложниците“ кои сè уште во Појасот Газа ги држат палестинските милитантни групи и за одговорноста на Израел да ги заштити цивилите во оваа палестинска енклава.

Претходно, Нетанјаху го отфрли постојаното барање на Бајден за идниот соживот на Израел и палестинската држава.