Соработка помеѓу Московската духовна академија и УКИМ
Ректорот на Московската духовна академија е во посета на универзитетот Св. Кирил и Методиј. На Московската духовна академија студираат 10-тина македонски студенти...

Уште една потврда на одличните Македонско- руски односи. Ректорот на Московската духовна академија е во посета на универзитетот Св. Кирил и Методиј. На Московската духовна академија студираат 10-тина македонски студенти. Тоа што овие студенти учат таму може да резултира со ублажување или решавање на проблемите кои што постојат во црковните кругови- вели архиепископ Верејски Г. Евгениј.
„Зборуваме за чисто научни контакти со Универзитетот. Се надеваме дека тоа ќе ни помогне за решавање на нашите сопствени внатрешни проблеми. Не се решава се со признавање на дипломите. Имајќи определено позитивно искуство со ваквите контакти ние се надеваме дека на целиот свет ќе покажеме какви контакти имаме со универзитетот Св. Кирил и Методиј. Веќе е создаден Балкански кабинет во академијата. Тоа е практично оној мост, врската меѓу нашите универзитети“, изјави архиепископот Верејски Г. Евгениј, ректор на Московска духовна академија.
„Овој договор за заедничка соработка е од големо значење не само за универзитетот Св. Кирил и Методиј туку и пошироко. Бидејќи отвара нови можности за соработка помеѓу двата универзитети како размена на студенти, разни научни симпозиуми и заеднички научни истражувачки проекти“, рече проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на УКИМ.
