Украина
Зеленски го покани Трамп во Киев, под услов да стави крај на војната
20.01.2024 10:27
Украинскиот претседател го покани Трамп во Киев. Истакна, ако Трамп ја има формулата за завршување на војната, тој сака да знае за што станува збор...

Украинскиот претседател Зеленски го покани Доналд Трамп во Киев, но под еден услов – да стави крај на војната, како што се пофали во една прилика. Трамп тогаш истакна дека доколку е претседател, може веднаш да ја заврши војната со инсистирање на договор меѓу Зеленски и Путин.
Трамп ова го поткрепи со аргументот дека има добри односи со двајцата претседатели. Украинскиот претседател додаде дека, ако Трамп ја има формулата за завршување на војната, тој сака да знае за што станува збор.
