Кина
Најмалку 13 ученици загинаа во пожар во интернат во Кина
20.01.2024 11:38
Пожарот избувнал во петокот вечерта во училиштето Јингкаи, во селото Јаншанпу, во близина на градот Нанјанг, провинцијата Хенан...

Најмалку 13 ученици загинаа, а едно лице е повреден во пожар во интернат во централна Кина, јавија кинеските државни медиуми.
Пожарот избувнал во петокот вечерта во училиштето Јингкаи, во селото Јаншанпу, во близина на градот Нанјанг, провинцијата Хенан, објавија кинеската централна телевизија и новинската агенција Ксинхуа.
Според извештаите, пожарникарите брзо го изгаснале пожарот.
