Белорусија

Белорусија доби од Русија нуклеарни проектили „Искендер“

20.01.2024 12:50

Според белорускиот претседател Лукашенко. тие се разместени во регионот на Минск...

Белорусија доби од Русија тактички нуклеарни проектили „Искендер“. Според белорускиот претседател Лукашенко, тие се разместени во регионот на Минск.

„Кога ги добивме проектилите, нашите соседи и другите беа вџашени. Нека ми прости Господ, ова се страшни оружја, следните генерации политичари треба да се замислат околу нивна употреба. Според декретот што го потпишав, само претседателот на државата може тоа да го дозволи. Секако, вклучени се и министерот за одбрана и началникот на Генералштабот“, изјави  Александр Лукашенко.