Израел-Хамас

Израелската армија продолжи со бомбардирање на Појасот Газа

20.01.2024 12:55

Воена офанзива во Газа навлезе во четвртиот месец, според здравствените работници во Појасот, биле убиени околу 25 илјади Палестинци...

Израелската армија продолжи со бомбардирањето на Газа од каде што се извиваат облаци чад по експлозиите. Воена офанзива во Газа навлезе во четвртиот месец, според здравствените работници во Појасот, биле убиени околу 25 илјади Палестинци.

Сè уште е неизвесна и судбината на околу 100-на заложници на Хамас, кои беа киднапирани лани на седми октомври. Терористичката организација при нападот усмрти и околу 1.200 луѓе, по што следуваше воената акција на Тел Авив.