Нови мерки за самовработување и кредитирање млади лица

09.06.2014 13:25

Исклучителна поволност на оваа мерка е рокот на враќање на средствата кој изнесува цели 7 години...

Од недела се воведува проектот за самовработување со кредитирање за млади невработени лица до 29 години. Веќе е отворен и оглас за аплицирање преку кој младите ќе можат да подигнат средства во износ од 7.000 евра до 23.000 евра по поволни услови, велат од Министерството за труд и социјална работа.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се за кредитобарателот по 7.000 евра, а за секое новоотворено работно место дополнителни 4.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 23.000 евра.

Како новина и исклучителна поволност на оваа мерка е рокот на враќање на средствата кој изнесува цели 7 години.