ЦУК
Без струја делови од Куманово, Битола и скопската општина Ѓорче Петров
20.01.2024 14:15
Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, информира дека без струја се дел од централното градско подрачје во Битола, како и Долно Оризари и Карамани...

Поради дефекти во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија се делови од Куманово, Битола и скопската општина Ѓорче Петров. Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, информира дека без струја се дел од централното градско подрачје во Битола, како и Долно Оризари и Карамани.
Во општина Ѓорче Петров без струја се дел од Новоселски пат, дел од Волково, Орман и Никиштани. Без струја се и неколку населени места во општина Куманово.
