Политика

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за криминал и корупција

20.01.2024 15:26

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека директорката на УЈП, Лукаревска, била само нем набљудувач за проневера на над 22 милиони евра. СДСМ, пак, гледаат криминал во општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ...

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за криминал и коруптивни скандали. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека директорката на УЈП, Лукаревска, била само нем набљудувач за проневера на над 22 милиони евра. Велат, се работи за разработена шема на извлекување на пари по основ на поврат на данокот за додадена вредност на фирми од порано вмешани во корупција, кој пак, потоа се продаваат на фантомски сопственици во соседните држави.

СДСМ, пак, гледаат криминал во општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинуваат за купување на механизациска опрема за цена неколкукратно повисока од реална.

И двете партии тврдат дека имаат писмени докази за обвинувањата.

 

Марина Стојанова Тонева