Македонци фатени со дрога вредна 600.000 евра во Србија

09.06.2014 13:32

Дрогата била сокриена во специјално изграден бункер во приколката од камионот, распоредена во 319 пакети...

138 килограми марихуана запленија синоќа српските цариници од Севим и Исмаили, македонски државјани. 
 
Ги откриле на граничниот премин Батровци. Дрогата била сокриена во специјално изграден бункер во приколката од камионот, распоредена во 319 пакети. 
 
Двајцата се уапсени. Вредноста на дрогата е проценета на околу 600.000 евра.
 
Наташа Гркова- Петрушевска