Македонија

Забрана за тешки товарни возила на планинскиот превој „Ѓавато“

20.01.2024 18:49

Сообраќајот низ земјава се одвива во зимски услови. Од подружниците на „Македонија пат“ велат дека имаат доволно материјал за раситнување на снегот. Од напладне забрана за сообраќај на тешки товарни возила кон граничниот премин „Ќафасан“, а од претпладнето таа мерка важи и за планинскиот превој „Ѓавато“...

По вчерашните плус 14 од изутрината зимска идила. Пообилните врнежи од снег ги донесоа и првите проблеми на регионалните патни правци. Од битолската подружница на Македонија информираат дека од напладне на сила е забрана за сообраќај на тешки товарни возила кон граничниот премин. Ќафасан, а истата мерка од претпладнето е воведена и за планинскиот превој. Дополнителен проблем прават и минусната температура, вели раководителот Наумовски.

Вели дека имаат доволно абразивен материјал и многу работи во текот на денот ќе зависат од интензитетот на врнежи и состојбата на механизацијата. На битолските улици засега главно наслаги од кашест снег, но од ЈКП „Нискоградба“ велат дека се активни.

Од „Македонија пат“ нагласуваат да се почитуваат препораките на сите надлежни институции и на пат кон планинските превои да не се тргнува без вистинска потреба, без зимски гуми и синџири.

 

Стевче Митревски