Демант

УЈП демантира: Нема вратен поврат на ддв кон фирмите за кои зборуваше опозицијата

20.01.2024 19:12

Управата за јавни приходи најостро ги демантира наводите од страна на ВМРО ДПМНЕ, во кои по кој знае кој пат, изнесуваат невистини за работењето на Управата за јавни приходи и на тој начин се обидуваат да нанесат штета врз работењето на УЈП. Случаите за кои кој денеска зборуваше Стоилковски, не се дел од презентираната афера од понеделникот...

Управата за јавни приходи најостро ги демантира наводите од страна на ВМРО ДПМНЕ, во кои по кој знае кој пат, изнесуваат невистини за работењето на Управата за јавни приходи и на тој начин се обидуваат да нанесат штета врз работењето на УЈП.

Случаите за кои кој денеска зборуваше Стоилковски, не се дел од презентираната афера од понеделникот, се наведува во демантот на УЈП,

Во однос на посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО ДПМНЕ, УЈП информира дека  нема извршен поврат како што беше наведено од страна на ВМРО ДПМНЕ.

Кај посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО ДПМНЕ, велат дека по извршените контроли од страна на УЈП се преземени сите постапки.

Обврзниците доставиле даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди, а не барања за поврат како што е изнесено во јавноста.

Износот од 22,000.000 евра кој го споменуваат од ВМРО ДПМНЕ е износ кој е објавен во листа на должници кој всушност претставува даночен долг, а не поврат и е врз основа на извршена контрола, за барање на поврат на ДДВ. Понатаму, информираат дека побарани се податоци за патните исправи кои се наведени во историјатот на промени во Централен регистар на РСМ и исто така известена е Управата за финансиска полиција за нивно запознавање и понатамошно постапување, се вели во реакцијата на Управата.

УЈП во демантот, апелираат до јавноста да не потпаѓа на манипулации и да ги следи само официјалните информации кои доаѓаат од страна на надлежните институции.