Македонија
ЦУК: Забрана за движење на тешки товарни возила на повеќе патни правци во земјава
20.01.2024 19:46
Центарот за управување со кризи соопшти дека по 18 часот забрана за движење на тешки товарно возила има на 10 патни правци...

Центарот за управување со кризи соопшти дека по 18 часот забрана за движење на тешки товарно возила има на 10 патни правци.
Воведена е забрана на патните правци Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, Струмица-Берово, планинскиот премин „Плетвар“, Демир Капија-Миравци, Битола-Ресен планински премин Ѓавато, Тетово-Попова Шапка, Струга-граничен премин Ќафасан, село Рогачево-граничен премин Јажинце, Гостивар кон Стража и Маврово кон Дебар.
