Прилеп: Без дозволи и детални планови се поттикува нелегално градење
И оваа година продолжуваат проблемите во прилепскиот градежен сектор. Неиздавањето градежни дозволи и немањето нови детални урбанистички планови, може да биде поттик за нелегалната градба. Граѓаните имаат потреба да го решат станбеното прашање...

Со години, речиси, не се издаваа градежни дозволи, а сега нема ниту нови детални урбанистички планови. Годинава почна со големи проблеми за прилепскиот градежен сектор. Уште поусложнето е што истече важноста на Генералниот урбанистички план.
Градските власти, велат дека со уредба е усложнета процедурата – прво нацрт на деталниот, па јавна расправа, се враќа во надлежното министерство, па потоа во градот. Процесот е долг, што не им одговара на градежниците.
Градежниците предупредуваат, ситуацијата е поттик за нелегално градење.
И 2024-та година ќе биде голем предизвик за градежниот сектор.
Елизабета Митреска
