АМСМ

Се укинува забраната за тешки товарни возила на повеќе патни правци

21.01.2024 09:25

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата...

Од 08 и 30 часот, денеска, се укинуваат забраните за тешки товарни возила на патните правци с. Рогачево до ГП Јажинце, планинските премини Стража-Плетвар – Ѓавато и Струга-ГП Ќафасан, информираат од АМСМ.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири);

Задолжителна е зимска опрема за сите возила на патниот правец кон граничен премин Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.