Учениците утре се враќаат во училишните клупи, продолжува второто полугодие
По тринеделниот зимски распуст, основците и средношколците утре ќе се вратат во училишните клупи за да ја продолжат наставата од второто полугодие на 2023/2024 година...

По тринеделниот зимски распуст, основците и средношколците утре ќе се вратат во училишните клупи за да ја продолжат наставата од второто полугодие на 2023/2024 година. Ќе имаат уште еден, пролетен одмор, од 29 април до 6 мај 2024, што е новина оваа учебна година.
Ново е и што учениците во основните училишта ќе учат до 17-ти јуни, за да се исполни утврдениот број од 180 работни денови, согласно календарот за организација на наставата. За средношколците учебната година ќе заврши на 10-ти наместо на 17-ти јуни.
МОН ја смени првичната одлука на барање на Средношколскиот сојуз заради подготовките за запишување во високото образование.
