Свет

Пјонгјанг: Путин изрази подготвеност наскоро да ја посети Северна Кореја

21.01.2024 09:51

Претходно оваа недела, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва се надева дека посетата ќе биде договорена и дека Путин ќе отпатува во Северна Кореја „во догледна иднина“...

Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност наскоро да ја посети Северна Кореја, објави денеска севернокорејската државна новинска агенција КЦНА. Агенцијата објави подготвеност на севернокорејската влада „искрено да го поздрави најблискиот пријател на корејскиот народ“.

Претходно оваа недела, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва се надева дека посетата ќе биде договорена и дека Путин ќе отпатува во Северна Кореја „во догледна иднина“. На продлабочувањето на врските меѓу Москва и Пјонгјанг во странство се гледа со сомнеж и загриженост.

Се верува дека Северна Кореја ја снабдувала Русија со муниција и балистички ракети кои биле користени во инвазијата на Украина. 

Русија ја потврди својата блиска соработка со Северна Кореја за време на тридневната посета на Москва на министерот за надворешни работи Чое Сон Хуи.