Украина

Зеленски очекува овој и следниот месец да бидат потпишани нови одбранбени пакети од западот

21.01.2024 10:28

Веќе има одредени датуми кога може да се очекуваат нови и моќни документи, изјави Зеленски...

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека очекува овој и следниот месец да бидат потпишани низа нови одбранбени пакети од западот за Украина.

Јануари и февруари треба да донесат соодветни резултати. Веќе има одредени датуми кога може да се очекуваат нови и моќни документи, изјави тој. Зеленски не ги именуваше земјите со кои треба да ги финализира договорите.