Гутереш: Блискиот Исток е минско поле, мораме да спречиме конфликтот да се прелее
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, на самитот на Движењето неврзаните во Уганда посветен на Блискиот Исток, оцени дека мирот е можен само со постоење на две држави, Израел и Палестина.

„Блискиот Исток е минско поле. Мораме да спречиме конфликтот да се прелее низ регионот, со што веднаш би почнале со прекин на огнот и со хуманитарната помош. Истовремено и со безусловно ослободување на заложниците. Ова го кажав на самитот. Одбивањето да се прифати одлуката за две држави на Израелците и на палестинците бескрајно ќе го продолжи конфликтот, што ќе се претвори во глобална закана за мирот и сигурноста и што ќе ги охрабри екстремистите во светот“, изјави Гутереш.