НАСА

Астероид падна во Германија оставајќи светлечка трага зад себе

21.01.2024 12:07

Според европската вселенска агенција, можно е помали парчиња од астероидот да удриле во земјата по влезот во атмосферата...

Астероид над небото над Берлин изгоре при влегувањето во земјината атмосфера, оставајќи зад себе светлечка трага што можеше да се забележи и во Прага и во Лајпциг.

Според соопштението на НАСА, издадено пред појавата на астероидот, не се очекувало небесното тело да предизвика штета на земјата. Според европската вселенска агенција, можно е помали парчиња од астероидот да удриле во земјата, по влезот во атмосферата.

Телото било откриено од астрономите само неколку часа пред појавата на блесокот на небото, што овозможило одредување на неговата траекторија.