3 дена – 3-ца браќа!
На Светското првенство во Јужна Африка во 2010-та, првпат се случи тројца браќа да бидат во составот на некоја репрезентација. Џери, Џони и Вилсон Паласиос настапија за селекцијата на Хондурас.
На мундијалот во Бразил тоа нема да може да се повтори затоа што Џони не успеа да обезбеди место во репрезентацијата на Хондурас.

Покрај Џери и Вилсон Паласиос, на шампионатот ќе има уште три двојќи браќа. Андре и Џордан Ајев ќе играат за Гана, додека Коло и Јаја Туре се во составот на Брегот Слонова коска.
Браќата Боатенг пак, ќе бидат на спротивни страни и дури и ќе играат меѓусебе, затоа што Германија на Жером и Гана на Кевин - Принс се во истата Група Г.