Погоден еден од најголемите терминали за природен гас на Русија
Еден од најголемите терминали за природен гас на Русија, во близина на Санкт Петербург, погоден е, како што тврдат западните медиуми од два украински дрона. Москва засега не се изјасни за хаваријата. Зеленски најави нови пакети воена помош од Европската унија за украинската армија. Во текот на изминатото деноноќие, на фронтот се забележани над 100 судири меѓу завојуваните страни...

Финскиот залив беше осветлен поради големиот пожар што го зафати рускиот терминал за гас, на околу 100 километри од Санкт Петербург. Во пристаништето на Балтичкото море, терминалот за природен гас, можеби најголемиот во Русија, според западните медиуми бил предизвикан од два дрона кои прелетале територија од 1.100 километри и експлодирале во терминалот.
Војната во Украина влезе во критична фаза по информациите за недостиг на воена помош за Киев од западот. Претседателот Зеленски побрза да ги демантира, најавувајќи нови контингенти од клучните партнери од Европската унија.
„Се остваруваат ветувањата, се подготвуваат новите договори месецов и во февруари со нашите европски партнери. Тие разбраа декана бојните полиња, нашата одбрана не може да чека, спасувањето на животите не може да се одлага“, украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
И додека Украина ги очекува новите пакети помош, граѓаните се обидуваат да им помогнат колку што можат на своите војници. Ученици и наставници во училиштата изработуваат свеќи, кондензирано млеко и пити, цртаат слики.
„Од картонот направив цилиндар, потоа ќе го обложам со восок и ќе им го испратам на војниците да се затоплуваат. Правам и по 10 на ден, веќе испратив 40-на“, вели Бохдан, ученик во четврто одделение.
„Правиме и по 240 тегли дневно. Работата ја пренесуваме и дома. Потоа им ги предаваме на доброволците. Некои од нас понудија и месо и месни производи, но и риба. Што и да им треба на нашите војници, ние го произведуваме во селото“, Павло Радионов, наставник.
Војната во Украина не запира, во изминатото деноноќие над 100 битки се регистрирани на линијата на фронтот што се протега во регионот на Донбас. На ударот на оружјето се регионите на Авдиивка, Красноривка и регионот на Херсон.
Зоран Богатинов
