Струмица

Нема штети од снегот за пластениците во струмичко

21.01.2024 15:06

Нема штети по пластениците од снегот што паѓаше во струмичко, каде земјоделците одгледуваат зеленчук. Градинарите од населеното место Куклиш, денеска беа во контрола на засеаните површини и тврдат дека нема последици од вчерашниот снег...

Живко Донев, од струмичко Куклиш, се враќаше од своите ниви каде има подигнато пластеници за зеленчук. Нема штети од снегот што паѓаше во овој дел на државата. Според него, вчерашните врнежи биле слаби и не толку опасни за пластениците

До пластениците беше и Никола Малинов. Вели дека нема штети по засеаните зелки, но дома морал да биде дежурен за останатиот расад, бидејќи снемало електрична енергија за парниот систем со кој ги загрева леите.

Вчера попладне, дежурните екипи на струмички „Комуналец“ и „Македонија пат“ излегоа на терен и редовно ги чистеа локалните и регионалните патишта

 

Ване Трајков