Охрид

Хиротонисан епископот велички г. Никола

21.01.2024 15:15

Во Соборниот храм СВ. Великомаченик Димитриј, архиепископот г.г. Стефан во сослужение со останатите владици на нашата црква го извршија хиротонусувањето на епископот велички Г. Никола...

Денешново мое ракоположување во епископ, не го доживувам како награда или заслуга, туку како повик на Светата Црква и достојно водениот духовен живот, рече меѓу другото по хиротонисувањето, епископот велички г. Никола, на првото негово обраќање пред верниците и владиците на МПЦ ОА.

Со секој ваков чин се почитува аманетот од нашите претходници, но и се продолжува ланецот на единство на нашата црква. Додека поникне правдата во македонската духовна нива, поминавме долг пат до пред една и пол година, истакна архиепископот г.г. Стефан.

Инаку, новиот епископ духовниот живот како монах, го започнал уште пред 27 години во манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе.

Стевче Митревски