Македонија
Американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан пристигна во Скопје
21.01.2024 15:48
О’Брајан е дел од делегацијата која ќе учествува на лидерскиот состанок на Западен Балкан, утре во Скопје, посветен на планот за раст на Европската комисија...

Во земјава пристигна Џејмс О’Брајан, раководител на одделот за координација на санкциите при американскиот Стејт департмент и американски помошник државен секретар за Европа и Евроазија.
О’Брајан е дел од делегацијата која ќе учествува на лидерскиот состанок на Западен Балкан, утре во Скопје, посветен на планот за раст на Европската комисија.
Американската поддршка на Северна Македонија е секогаш во вистинското време, изјавил вицепремиерот за европски интеграции, Бојан Маричиќ, по пречекот на гостинот од САД.
