Македонија

Едно лице загина, три се повредени во сообраќајка кај Табановце

21.01.2024 16:51

Четириесет и деветгодишна кумановка загина, а три лица се повредени во сообраќајна незгода на три возила која се случи на автопатот Куманово-Табановце на два километри од граничниот премин. Во незгодата учествувал и познат српски музичар.

Четириесет и деветгодишна кумановка загина во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот Куманово-Табановце, на само два километри од граничниот премин.

Во несреќата во која учествувале дури три автомобили од кои едно со српски регистарски ознаки, повредени сè уште три лица. Повозрасната жена починало на местото на настанот, а повредените се пренесени во кумановската болница. Поради сериозноста на повредите, едно од лицата е препратено на скопските клиники. Останатите две со тешки телесни повреди се задржани во болницата во Куманово. Увид на местото изврши екипа од СВР Куманово и јавен обвинител.

„Иницијалниот судар меѓу двата автомобила, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока. По што, патничката излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил со српски регистарски таблички“, велат во соопштението од ОЈО Куманово.

Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата, а за другите учесници е наредено испитување на крв и урина. Во несреќата учествувал познатиот српски музичар Ѓорѓе Давид.

 

Елена Георгиевска