Србија
Поради грешка со патници од Македонија запрен авиосообраќајот на „Никола Тесла“ во Белград
21.01.2024 21:43
Проблемот настанал кога патниците кои долетале од Македонија по слетувањето влегле во автобусот, кој по грешка ги однел на погрешен гејт...

Авиосообраќајот на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е во целосен прекин поради проблем во безбедносната контрола, пренесуваат српските медиуми,
Проблемот настанал кога патниците кои долетале од Македонија, по слетувањето влегле во автобусот кој по грешка ги однел на погрешен гејт. Така тие завршиле во транзитната зона, каде што не им е дозволено да бидат, бидејќи Македонија не спаѓа во групата земји кои ги имаат потребните дозволи за тоа. Станува збор за меѓународно правило и немало отстапување од тоа.
Тоа може да предизвика доцнење и забавување на воздушниот сообраќај од белградскиот аеродром.
