Собрание

Во Собрание денеска две седници на Законодавно-правната комисија

22.01.2024 08:52

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат по Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации...

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат по Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан, Предлог на законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за спорт, Предлог на законот за изменување на Законот за хартии од вредност, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, сите по скратена постапка.

На дневен ред на 227. седница се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во второ читање, барањето за давање на автентично толкување на член 368 од Законот за облигационите односи.