Македонија

Основците и средношколците се вратија во училишните клупи

22.01.2024 09:06

Почна второто полугодие. Прв пат годинава ќе имаат и пролетен распуст, од 29-ти април до 6-ти мај...

Основците и средношколците се вратија во училишните клупи. Почна второто полугодие. Прв пат годинава ќе имаат и пролетен распуст, од 29-ти април до 6-ти мај. Владата дополнително ќе решава дали учебната година за основците ќе биде продолжена за уште два дена поради двојните избори в среда, на 24 април и 8 мај, кои ќе бидат неработни денови.

Термините за изборите кои дополнително беа закажани, не се опфатени во пролетниот распуст.