Македонија

Состојбата на четиригодишното девојче од Струмица е стабилна

22.01.2024 09:25

Четиригодишното девојче од Струмица кое пред неколку дена беше донесено во критична состојба во скопскиот Клинички центар е во стабилна состојба.

Четиригодишното девојче од Струмица кое пред неколку дена беше донесено во критична состојба во скопскиот Клинички центар е во стабилна состојба. Обвинителството истражува дали се работи за семејно насилство или пак за гризнувања од куче, како што првично изјавила мајката. Другите три малолетни деца ќе добијат старател по службена должност.

Тим од струмичкиот центар за социјални работи излегол на терен и утврдил дека децата привремено се згрижени кај дедото.

Семејството не е евидентирано во системот, бидејќи имало привремен престој во Струмица и членовите на семејството немале лични документи и не можеле да остваруваат права од социјална и детска заштита, велат од министерството за труд и социјала.