Јавен превоз
Автобусите на ЈСП паркирани во базните станици
22.01.2024 10:19
Синдикатот и вработените незадоволни поради неисплатената декемвриска плата, на протест пред Советот на Град Скопје, кој треба да одржи вонредна седница за одобрување субвенции од 11 милиони евра...

Автобусите на ЈСП се паркирани во базните станици. По скопските улици возеа до 9 часот. Синдикатот и вработените незадоволни поради неисплатената декемвриска плата, на протест пред Советот на Град Скопје, кој треба да одржи вонредна седница за одобрување субвенции од 11 милиони евра. Известува Марија Котовска.
