Велика Британија

Бурата „Иша“ прави хаос

22.01.2024 11:05

Велика Британија го вклучи метео-алармот поради бурата „Иша“ која донесе ветришта од 160 километри на час...

Велика Британија го вклучи метео-алармот поради бурата „Иша“ која донесе ветришта од 160 километри на час. Едно лице е повредено додека тешките временски услови предизвикаа сообраќаен хаос низ земјата.

Откажани се возови и голем број летови, а илјадници домаќинства се без струја.

Метеоролошката служба претходно издаде предупредувања и за можни торнада во северна Ирска, Шкотска и северна Англија.