Ова утро најладно во Берово со измерени -20 степени
Во утринските часови минималната температура најниско се спушти во Берово на -20, во Скопје се измерени -8 степени. Најмногу снег има во Маврови Анови...

Под влијание на сува и студена воздушна маса од север денеска во Македонија преовладува сончево и студено време со мала локална облачност.
Во утринските часови минималната температура најниско се спушти во Берово на -20, во Скопје се измерени -8 степени. Најмногу снег има во Маврови Анови каде што висината на снежната покривка изнесува 22 сантиметри. До крајот на денот ќе се задржи стабилно и суво време со максимална температура до 5 степени.
Скопје денеска со дневна температура на воздухот само до 3 степени. Студеното време со значително ниски утрински температури продолжува и утре, извесно затоплување ќе настапи од четврток.
