Здравство
Клиниката за пулмологија доби нов дијагностички центар
22.01.2024 13:35
Пациентите на Клиниката за пулмологија и алергологија ќе може побрзо да бидат дијагностицирани и третирани, бидејќи се отвори нов дијагностички центар на Клиниката...

Пациентите на Клиниката за пулмологија и алергологија ќе може побрзо да бидат дијагностицирани и третирани, бидејќи се отвори нов дијагностички центар на Клиниката.
Со отворањето на овој центар, двојно ќе се зголеми бројот на ЕХО прегледи и бронхоскопии. Значајно е што е обезбеден ЕБУС апаратот кој овозможува да се дијагностицираат метастазни лимфни јазли.
Центарот е опремен со медицинска опрема вредна 16 милиони денари обезбедени од Министерството за здравство, односно набавен е бронхоскоп, монитор, процесор и извор на светло, како и ендобронхијален ултразвук со бронхоскоп.
