КПД „Идризово“

Затворениците во КПД „Идризово“ престојуваат во супстандардни услови

22.01.2024 14:01

Искасани од бубачки, заспани на под по ходници без душеци и во влага, затворениците во Идризово престојуваат во супстандардни услови.

Искасани од бубачки, заспани на под по ходници без душеци и во влага, затворениците во Идризово престојуваат во супстандардни услови. Ова е наведено во последниот извештај за состојбата во казнено- поправните установи кој меѓу останатите го опфати и најголемиот затвор проектиран за 900, а во кој казна издржуваат 1.150 луѓе. Во извештајот стои и дека храна добивале еднаш дневно, а немале ниту пристап до чиста вода за пиење и дневна светлина.

Затвореничката популација, според извештајот, не добива ниту квалитетна здравствена заштита, ниту можност за работа во затворот и образование.

Проблемот со пренатрупаноста го констатира и директорот, но вели – се работи на реконструкција и подобрување на условите.

Јовановски, вели дека кризната состојба во затворот ќе трае со додека приправниците во затворската полиција не добијат редовно вработување.

 

Анита Димитријевска – Велковска