Десеттина пациенти со грип се лекуваат на Инфективна, тројца од нив се со Ковид
Сезонските вируси ја комплицираат состојбата кај некои пациенти. Десеттина пациенти со грип се лекуваат на Инфективна клиника, кај тројца е дијагностиран Ковид. Поголем дел од инфицираните можат да се лекуваат и дома, на оние со коморбидитети им е неопходна хоспитализација. Министерот за здравство смирува дека се преземени сите неопходни мерки за заштита на населението...

Десетина пациенти со грип се лекуваат на Инфективна клиника, кај тројца е дијагностиран Ковид. И на Клиниката за пулмологија и алергологија има хоспитализирани седуммина со Инфлуенца.
На една пациентка и се искомплицирала состојбата и ќе биде префрлена на Инфективна клиника.
На 65-годишната пациентка според лекарите ќе и треба и респираторна поддршка. Директорот на Пулмологија вели не е доцна за имунизација против грип.
Министерот за здравство вели нормално е во зима да циркулираат овие вируси. Смирува-простор за паника нема.
Децата остануваат најранливи на синцинцијалниот вирус. Во Универзитетската клиника во Козле се лекуваат 57, нема на кислородна поддршка. Но амбулантите и натаму се полнат. За само едно деноноќие и над 100 прегледи.
Наташа Јанчиќ Менковски
