Израел
Роднини на заложниците упаднаа во Кнесетот
22.01.2024 14:41
Роднини на израелските заложници упаднаа во Кнесетот и ја прекинаа работата на парламентарната комисија, со порака-„станете од фотелјите, сите и сега“...

Роднини на израелските заложници упаднаа во Кнесетот и ја прекинаа работата на парламентарната комисија, со порака-„станете од фотелјите, сите и сега“.
Упадот се случува по објавата на израелската влада за убиство на уште еден заложник во Газа и впечатокот во јавноста дека е далеку од постигнување на целта – ослободување на сите Израелци кои Хамас ги зема во заложништво по нападот на 7-ми октомври.
Израелската влада во меѓувреме одбиваше да преговара за друг таков договор, додека палестинската милитантна група одговори дека повеќе нема да ослободува заложници до прекин на огнот.
