Кривичен суд
Таткото на Вања останува во притвор
22.01.2024 15:45
Бранителот на таткото на Вања, адвокатот Туфегџиќ, посочи дека со куќниот притвор би се помогнало на семејството кое е погодено од големата трагедија...

Кривичниот суд не го прифати барањето на одбраната на таткото на Вања притворот да му се замени со куќен притвор. Од Кривичниот суд информираат дека судијата на претходна постапка, по добивањето на мислењето од надлежниот јавен обвинител, донел решение осомничениот, таткото на убиената Вања да остане во притвор.
Претходно неговиот бранител, адвокатот Туфегџиќ, посочи дека со куќниот притвор би се помогнало на семејството кое е погодено од големата трагедија.
