Иднината на Јужен тек зависи од ЕУ и Русија

09.06.2014 15:01

Вчера бугарскиот премиер Орешарски, официјално соопшти дека земјата ги суспендирала работите на проектот Јужен Тек, се до конечното надминување на проблемите на релацијата ЕУ-Русија...

Иднината на проектот за изградба на гасоводот Јужен Тек, зависи, пред се, од договорот на Европската комисија со земјите членки и со Русија, изјави министерот за енергетика и рударство на Србија, Александар Антиќ.

Коментирајќи ја одлуката на Бугарија, која под притисок на Брисел ја стопира градбата на гасоводот, Аантиќ со објаснување, дека внимателно се следат случувањата, но, Србија е само една од земјите, низ кои минува овој статегиски проект, а која покрај русија, е единствената што не е членка на ЕУ.

Вчера бугарскиот премиер Орешарски, официјално соопшти дека земјата ги суспендирала работите на проектот Јужен Тек, се до конечното надминување на проблемите на релацијата ЕУ-Русија.

Српскиот премиер Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема промени во ставот на неговата земја, а евентуална одлука за прекин на работите, може да донесе единствено владата, која за тоа досега воопшто не расправала.