Свет

Украина со критика кон Русија за свикувањето состанок на Советот за безбедност на ООН

22.01.2024 17:15

Според украинскиот амбасадор во организацијата, состанокот е уште еден обид на Руската Федерација да го одвлече вниманието од агресивната војна...

Украина ја критикува Русија за свикувањето состанок на Советот за безбедност на ООН, на кој главна тема е испораката на западно оружје за Киев. Според украинскиот амбасадор во организацијата, состанокот е уште еден обид на Руската Федерација да го одвлече вниманието од агресивната војна.

На фронтот, продолжуваат жестоки битки. Киев ги засили нападите на руска територија, како одговор на секојдневните напади на Москва врз цивилна инфраструктура. Кремљ обвинува дека е погоден гасен терминал на Санкт Петербург на рускиот брег на Балтичкото Море.