Временска прогноза

Утре сончево и многу студено, температури до -18 степени

22.01.2024 19:23

Подрачјето на Македонија и утре ќе се наоѓа под влијание на стабилна сува и многу студена воздушна маса, со значително ниски утрински температури...

Подрачјето на Македонија и утре ќе се наоѓа под влијание на стабилна сува и многу студена воздушна маса, со значително ниски утрински температури. Сончево стабилно и студено време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец

Минималната ќе се движи во интервал од -18 до -2, максималната од -3 до 7 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Периодот на сончево и студено време ќе продолжи и в среда. Од четврток се очекува промена со затоплување на времето и со можни слаби локални врнежи од дожд и снег на планините.