„Европа“: Српските инспектори штитат приватен бизнис
09.06.2014 15:14
Бонбоните на кондиторскиот гигант „Европа“ не се копија на српските „Негро“ на производителот „Пионир“ - ова е реакцијата на скопската фабрика по повлекувањето на нивните бонбони од српскиот пазар...

Македонската кондиторска компанија „Европа“ ќе го тужи српски „Пионир“ за неосновани обвинувања, дека копира нивен производ.
Менамџентот тврди дека инспекциските служби во Србија штитат приватен бизнис, нарушувајќи го угледот и успешното работење на македонската фабрика.
Производството постои 50 години, а 11 години производот се пакува во постојната амбалажа.
