НАТО

Турскиот парламент утре ќе гласа за членството на Шведска во НАТО

22.01.2024 21:08

По тој чин, Унгарија би останала последна пречка за процесот на приклучување на земјата во НАТО...

Турскиот парламент утре ќе гласа за членството на Шведска во НАТО, објави денеска приватниот информативен канал Си-Ен-Ен Турк. Со ова заврши повеќе од една година чекање од страна на западните сојузници на Анкара Турција да го ратификува пристапот на Шведска во Алијансата.

По тој чин, Унгарија би останала последна пречка за процесот на приклучување на земјата во НАТО. Шведска и нејзиниот сосед Финска беа воено неутрални земји во текот на Студената војна и потоа. Сепак, по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, двете земји се откажаа од својата неутралност и побараа да се приклучат на НАТО.

Во меѓувреме, Финска беше примена во Алијансата, а Турција долго време го условуваше приемот на Шведска.